Ерлинг Халанд ќе биде најбараниот фудбалер во Европа во претстојниот летен преоден рок. Доколку се одлучи за трансфер во Премиер – лигата, тој сака да стане најплатениот играч во нејзината историја, пишува британскиот „Сан“.
Напаѓачот на Борусија Дортмунд сака плата од 600.000 фунти неделно. Кога некој англиски клуб би се одлучил да му понуди договор на пет години, за неговото времетраење Халанд би заработил вкупна сума од над 300 милиони фунти.
Норвежанецот има само 20 години и има постигнато 21 гол на исто толку настапи во Бундес – лигата оваа сезона. Тој е цел на најголемите европски клубови, Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Јунајтед, Челси, Манчестер Сити, Пари Сен Жермен…
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













