
Алваро Одриозола учествувал целосно на тренингот на „кралевите“ и треба да биде на располагање на тренерот Зинедин Зидан за дуелот против Еибар во Ла Лига, информира „Марка“.
25-годишниот фудбалер нема играно уште од февруари кога заработи повреда на тетивата. На сето тоа може да се додаде и фактот што десниот бек има само четири настапи во лигата оваа сезона.
Во меѓувреме, Дани Карвахал, Феде Валверде, Тони Крос и Маријано Дијаз тренирале индивидуално, продолжувајќи го процесот на опоравување од повредите. Реал Мадрид се надева дека во финишот од сезоната ќе успее да победи во трката за титулата против Атлетико Мадрид и против Барселона иако во моментот се наоѓа на третата позиција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
