
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски, во телевизиско гостување објасни околу новата „војна“ со ФФМ. Тој истакна дека нема ништо против актуелното раководство на Фудбалската федерација на Македонија, но мора статутот и изгледот на собранието да се усогласи со Законот за спорт.
Мојсоски потенцира дека во ваква консталација Општинските фудбалски сојузи имаат поголема сила и моќ отколку клубовите, како Вардар и Шкендија.
„Не знам што му пречи на Сејдини, општинските делагати кои немаат врски со фудбалот, гласаат и имаат поголема сила од Вардар, Шкендија, Борец, тоа е проблемот, останато е од дамнина дека Општинските сојузи носат одлуки без консултации, тие се главни фактори. Битно е дека мора да се усогласиме со законот, не е битно дали Сејдини или Мојсоски е тука. По ова не сум се видел со Сејдини, сакам да се видам и да кажам дека мора да се усогласиме со законот, има реакции од самите клубови – тие се чинители на тоа Годишно собрание. Со факти ќе му се обратам на Сејдини“, изјави Наумче Мојсоски за Телевизија 24.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Чиро Имобиле ќе паузира два месеца

Евро-фудбал
Алегри сака да го доведе Рабио во Милан
