Европската фудбалска организација донесе одлука да го повлече лимитот од 30% за присуство на публика на стадионите поради пандемијата на коронавирусот. УЕФА со најновата одлука го укина ограничувањето на фудбалските стадиони за време на репрезентативни настапи да може да присуствуваат фанови со бројност најмногу 30% од капацитетот на стадионот.
„Следејќи го фактот дека секоја држава од 55-те членки на УЕФА се наоѓа во различна состојба во поглед на справување со пандемијата на коронавирусот, вакво ограничување за гледачите на стадионите веќе не е потребно. Ова посебно важи за земјите кои ќе бидат домаќини на Европското првенство. УЕФА и понатаму го почитува ставот на секоја држава да одреди дали и колку навивачи можат да бидат присутни на фудбалските натпревари“, известија од УЕФА.
Присуството на гостински навивачи и натаму е забрането, а следната одлука ќе се разгледува во мај.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













