Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) има посебен испит. Големо искушение ги очекува избраниците на селекторот Игор Ангеловски на дуелот против четирикратниот светски првак Германија во Дуисбург. Тоа е трет меч од квалификациите за СП 2022 во Катар, а нашите репрезентативци доаѓаат по убедливиот триумф (5-0) над Лихтенштајн.
Еден од оние кои блескаа против Лихтенштајн беше Александар Трајковски. Напаѓачот на Мајорка беше стрелец на два гола и заслужи место во најдобриот тим за втората рунда од квалификациите.
Очекува дека ќе биде стартер и на вечерашната голема пресметка против Германците, а пред неа порача:
„Постави ги целите високо и не запирај додека не ги достигнеш. Вечерва не очекува голем меч“, истакна Трајковски.
Натпреварот меѓу Германија и Македонија е закажан за 20.45 часот на „МСВ Арена“ во Дуисбург.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski