Германците посакуваат трет триумф во низа и максимален ефект од девет бода по првата сесија од квалификациите за Светското првенство во Катар 2022. Напаѓачот на Баерн Минхен, Серж Гнабри, вели дека бундес-тимот нема да ја потцени Македонија и очекува нашиот национален тим да одигра затворено и на противнапади на вечерашниот меч во Дуисбург.
„Нема да ја потцениме Македонија, се работи за селекција која ќе игра на Европското првенство. Секако дека поседуваат квалитет, но верувам дека нема да имаме проблеми доколку одиграме посветено и ги исполниме тактичките замисли на селекторот Јоаким Лев. Мислам дека Македонија ќе игра затворено и ќе чека шанса преку противнапади, затоа треба да бидеме добро организирани и да знаеме како треба да нападнеме. Би било добро да постигнеме водечки гол во раната фаза од натпреварот, потоа би ни било многу полесно“, изјави Серж Гнабри за германските медиуми.
Германците во првото коло го совлада Исланд со 3-0, а потоа славеа и против Романија на гости, минимално со 0-1.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski