Connect with us

Германците ја продолжуваат кампањата за човечките права и против Македонија

Фудбалската репрезентација на Германија пред стартот на натпреварот против Романија во Букурешт промовираше кампања за заштита на човечките права, мотивирана од големиот број загинати работници за време на изградбата на стадионите за Светското првенство во Катар. Со стартот на квалификациите за мундијалот, почна и борбата на дел од фудбалерите за заштита на човечките права. Кампањата, како што нагласи Робин Госенс, ќе продолжи и на вечерашниот меч против Македонија во Дуисбург.

„Ќе излеземе повторно со порака, затоа што мислиме дека тоа е тема која постојано треба да биде во фокусот. Човечките првата за најважната работа во егзистирањето на светот, заедно со борбата против пандемијата против коронавирусот. За човечките права и животи едноставно не смее да се преговара. Ова е кампања која произлезе од нас фудбалерите, нема никаква врска со раководството на Фудбалската федерација на Германија“, изјави Робин Госенс, германскиот репрезентативец и фудбалер на Аталанта.

Тој најави дека Германците ќе атакуваат на победа и на дуелот против Македонија.

„Сакаме и трет триумф, да бидеме максимални по првата сесија од квалификациите. Ќе дадеме се од себе за ја реализираме целта и да ја победиме Македонија“, изјави Госенс.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови