Дефанзивецот на Јувентус, Мерих Демирал, е позитивен на Ковид-19, објавија италијанските медиуми. Тој покажал позитивен тест на последното тестирање на турската фудбалска репрезентација, веднаш е префрлен во изолација, а ќе се врати во Торино со посебен „медицински“ авион, слично како и во ситуацијата со Кристијано Роналдо кога имаше позитивен тест во периодот додека беше дел од селекцијата на Португалија.
Демирал веднаш ќе биде сместен во „Ј“ хотелот, базата на Јувентус, со сите задолжителни мерки на заштита од коронавирусот.
Турскиот интернационалец е десеттиот фудбалер на Јувентус кој доби позитивен тест на Ковид-19 од почетокот на пандемијата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













