Златан Ибрахимовиќ го пропушти вчерашниот тренинг на репрезентацијата на Шведска, по што се стравуваше дека можеби станува збор за повреда. Сепак, селекторот на шведската репрезентација, Јане Андерсон се огласи да објасни дека нема простор за паника.
“Златан не е повреден. Планот беше само да се загрее, а потоа да одмори. Истото важи и за другите играчи кои играа во неделата затоа што заморот е најголем два дена по натпреварот. Ибра ќе биде достапен за дуелот со Естонија”, изјави Андерсон.
39-годишниот ветеран најверојатно ќе го започне натпреварот од клупата за резерви, со оглед на тоа што станува збор за пријателска средба.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













