Connect with us

Ристовски: Пандев ми е како татко, ми помогна кога најмногу ми беше потребно

Фудбалската репрезентација на Македонија отпатува за Германија каде утревечер во Дуисбург ќе ги одмери силите со најголемиот фаворит во групата. По убедливиот триумф над Лихтенштајн (5-0) сега сите се фокусирани на добра презентација и против Германците.


Во меѓувреме, Стефан Ристовски даде интервју за „Калчо Меркато“ во кое зборува за специјалниот однос со капитенот Горан Пандев. Вели дека му е како татко, му помогнал во најспецифичниот момент во животот, кога речиси како младинец замина од Вардар во Италија.

„Горан е како Ибрахимовиќ во Милан, само треба да го гледате на тренинг и да учите од него. Тој е идол, го сака цела Македонија. Толку многу посакуваше да се пласира на ЕП со Македонија, велеше дека би ги дал сите клупски успеси само со репрезентацијата да игра на Европското првенство. За мене, Пандев е како татко. Кога ми беше најтешко во Италија и не знаев што да правам, тој ми помогна. Елмас е исто така голем талент, треба да ја користи шансата што игра во голем клуб, но не смее да се нервира поради малата минутажа. Тој е млад и треба да биде трпелив, неговото време ќе дојде“, вели Стефан Ристовски.

Тој вели дека се одлучил за трансфер во Динамо Загреб затоа што хрватскиот клуб најмногу инсистирал да го има во тимот, а претходно имал разговори со Специја, во минатото и со Џенова. Пред две сезони имал понуда и од Атлетико Мадрид која не се реализирала во трансфер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови