Напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро, дефинитивно заминува од „Итихад“ на крајот од сезоната. Се најавува негова преселба во Барселона како слободен агент ова лето, но француските медиуми откриваат дека би можел да ја продолжи кариерата и во Пари Сен Жермен.
Тренерот Маурисио Покетино и спортскиот директор на клубот Леонардо започнале да работат на трансферот на 32-годишниот Аргентинец. ПСЖ му нуди одлична плата за Агуеро да го одведе Париз како следна дестинација во неговата кариера.
Во тековната сезона Агуеро одигра 14 натпревари за Манчестер Сити во сите натпреварувања и постигна три гола.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












