Connect with us

Ибрахимовиќ: Најдобар сум, нема што да докажувам, сега само се забавувам

Златан Ибрахимовиќ се врати во репрезентацијата на Шведска првпат по речиси пет години, и запиша две асистенции на натпреварите против Грузија и Косово. Од четири постигнати голови на двата дуели, Ибра немаше придонес само во голот на Ларсон за 3-0 против косовската репрезентација, бидејќи беше претходно заменет.

„Немам намера што повеќе да се докажувам. Не ми преостанува ништо друго освен да се забавувам на теренот. Ретко кој го може тоа што го правам јас на 39 години, да играм и за Шведска и за Милан, но најважно да уживам во тоа.

“Подготвен сум и можам да играм на високо ниво. Нема многу играчи кои на моја возраст може да се пофалат со истото“, кажа напаѓачот, кој во октомври ќе наполни 40 години.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови