Connect with us

Азар ќе оди на операција, го пропушта остатокот од сезоната

Еден Азар сака да го оперира скочниот зглоб за конечно да стави крај на пеколот низ кој поминува поради повредите, пренесува “Кадена коп”.

Се очекува Белгиецот да одлета за Лондон со цел да оствари средба со докторот Џејмс Калдер, кој го оперираше во 2017 година. Во случај Азар да се реши за хируршки зафат, тој нема да биде на располагање на тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, до крајот на оваа сезона.

Азар заработи нова повреда против Елче, а тоа за него беше првиот натпревар на кој настапи откако пропушти шест седмици поради повреда на мускулот. Претходно, “Марка” сугерираше дека крилниот напаѓач би можел да го пропушти Европското првенство доколку реши да оди “под нож”.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови