Connect with us

Модриќ стана фудбалер со најмногу натпревари за Хрватска, па се расплака (ВИДЕО)

Лука Модриќ го забележа 135. настап за Хрватска во минималната победа од 1-0 против Кипар. Со тоа, тој го престигна Дарио Срна, кој досега беше фудбалерот со најмногу настапи во историјата на репрезентацијата.

По натпреварот, Хрватскиот фудбалски сојуз му приреди изненадување со видео-компилација од неговата инетрнационална кариера, на што доби големи овации од своите соиграчи. Видно допрен од гестот и од овациите, Модриќ се расплака.

Плејмејкерот на Реал Мадрид има постигнато 16 голови за својата земја и е вистинска модерна легенда на балканската држава, водејќи ја во финалето на Светското првенство во 2018 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови