Србија и Португалија имаа возбудлива пресметка во Белград играјќи 2-2. Диого Жота беше двоен стрелец за Португалците во првиот дел, во 11. и во 36.минута. Но, Србија возврати во второто полувреме.
Александар Митровиќ намали во 46.минута, а Филип Костиќ во 60.минута израмни на 2-2. Во финишот, Роналдо мислеше дека постигна погодок, топката се чини дека ја мина гол – линијата, но, сепак, судијата не покажа на центар.
Чешка ремизираше (1-1) против Белгија. Лукаш Провод во 50.минута ја доведе домашната селекција во водство, а Ромелу Лукаку израмни десет минути подоцна.
Луксембург направи изненадување со триумфот (0-1) на гости во Даблин против Ирска, а Словачка и Малта ремизираа, 2-2.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski