Eвропската фудбалска организација планира финалето во Лигата на шампионите да се игра со присуство на публика. УЕФА сака на најгледаниот меч во сезоната да има одреден број на гледачи.
УЕФА наводно ги известила четвртфиналистите во ЛШ дека најмалку 9.000 навивачи сигурно ќе присустувваат на финалниот меч, а во распределбата секако најголем дел од влезниците ќе добијат двата клуба. Планирано е да се продаваат т.н „паметни влезници“.
Овој систем ќе оневозможи препродажба на влезниците и на финалето ќе можат да присуствуваат само оние кои го купиле билетот.
Финалето во Лигата на шампионите е закажано за 29. мај на стадионот „Ататурк“ во Истанбул кој има капацитет од 75.415 гледачи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













