Фудбалската репрезентација на Македонија го продолжува циклусот за СП 2022 во Катар, а втор противник е селекцијата на Лихтенштајн. Аутсајдерот во групата не треба да биде голема пречка, но во Европа веќе нема слаби селекции и мора да се покаже доза на внинателност и подготвеност.
„Атмосферата е одлична, го оставаме зад нас дуелот со Романија, фокусирани сме на утрешниот меч против Лихтенштајн. Веруваме дека ќе ја покажеме нашата класа, размислуваме само за победа и ќе покажеме на теренот дека сме подобри“, изјави играчот на Леванте, Енис Барди.
Проблемите на здравствен план остануваат исти, Дарко Велковски е подобро, но нема да конкурира за тимот и против Лихтенштајн, а Аријан Адеми ќе мора и овојпат да добие дозирана минутажа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













