Connect with us

Интер на лето го купува Луис Мјуриел од Аталанта

Италијанскиот калчолигаш Интер размислува за нови опции во нападот за следната сезона и сака да го купи Луис Мјуриел од Аталанта. Тренерот Антонио Конте сака да има уште еден одличен напаѓач во тимот кој би можел да даде голем придонес покрај Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез.

Мјуриел е трет стрелец во Серија А оваа сезона, после Кристијано Роналдо и Ромелу Лукаку.

Неговиот договор со Аталанта истекува во јуни 2023 година, а Интер е подготвен да плати 30 милиони евра за да го доведе во составот претстојното лето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови