
Здружението на судии во Англија работи на план за подобрување на ВАР технологијата во Премиер – лигата, откриваат англиските медиуми. ВАР системот, односно видео технологијата за помош при судиски одлуки, беше воведен во англиската лига минатата сезона, но се најде на големи критики поради неговото недоследно спроведување.
Новиот план ќе се базира врз заклучокот од една анкета која ќе се спроведе на тренерите, капитените и спортските директори во Англија. Планот треба да доведе до подобрување на доследноста на одлуките и до прецизно толкување на милиметарските офсајд-ситуации.
„Целта е да се подобри ВАР системот, да се формира идеја за тоа каде се очекува негово користење и кои промени треба да се извршат за да се зголеми доследноста“, изјавиле од здружението за време на состанок на акционерите од Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
