Андре Силва од Ајнтрахт Франкфурт е алтернатива број еден на старо-новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта за Ерлинг Халанд од Дортмунд, пренесува “Билд”.
Силва, кој се проценува на 40 милиони евра, моментално има постигнато 21 гол во Бундеслигата, односно исто толку голови во како и Халанд.
Случајно или не, со 25-годишниот напаѓач менаџира блискиот пријател на Лапорта, Хорхе Мендес. Но, за потписот на Португалецот, “Каталонците” ќе мораат да се борат со нивниот директен ривал за титулата во Ла Лига сезонава, Атлетико Мадрид.
Мора да се напомене дека Силва има искуство во шпанското првенство, каде има 40 настапи и 11 голови во сезоната 2018/19.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













