
Легендарниот фудбалер на Барселона, Бразилецот Ривалдо, смета дека Лионел Меси ќе остане на „Камп Ноу“ и по завршувањето на сезоната. Договорот на Аргентинецот истекува во јуни, а тој се уште ги држи во неизвесност раководните луѓе на Барселона, но и другите клубови кои се заинтересирани за негов ангажман.
„Откако Лапорта дојде повторно на раководната позиција во клубот, атмосферата е многу подобра, а тимот победува. Лионел Меси исто така е на своето ниво, најдобар на светот. Мислам дека сега ситуацијата е многу поинаква и дека тој ќе прифати да остане на „Камп Ноу“ и во наредниот период“, вели Ривалдо.
Барселона во моментот е на втората позиција во Ла Лига со 62 бода, четири помалку од лидерот Атлетико Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
