Фаворитот во нашата квалификациска група за СП 2022 во Катар, селекцијата на Германија и покрај проблемите со коронавирусот лесно излезе на крај со Исланд. Славеше со убедливи 3-0, а работата ја заврши уште во првиот дел. Леон Горецка и Каи Хаверц погодија уште во раната фаза, а Илкај Гундоган погоди за 3-0 во вториот дел.
Лихтенштајн загуби од Ерменија со 0-1 со автоголот на Ноа Фромелт во 84.минута.
Во останатите групи, Англија очекувано подобра од Сан Марино (5-0), Италија ја победи Северна Ирска со 2-0, со головите на Доменико Берарди и Чиро Имобиле.
Шведска ја совлада Грузија со 1-0, а Шпанците ремизираа дома (1-1) против Грција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













