
Џон Оби Микел го нападна својот поранешен соиграч од Челси, Еден Азар, за кого тврди дека е голем талент, но додава дека сето тоа паѓа во вода бидејќи не е посветен на фудбалот.
“Отсекогаш сум велел дека Еден Азар е еден од најталентираните играчи, тој има брзина, моќ, вештина, техника. Тој е веднаш зад Лео Меси и Кристијано Роналдо, но само кога тој сака. Додека беше во Челси велеше, ‘Сакам да бидам добар, можам да бидам. Не толку добар како Меси затоа што Лео е од друга планета, но мислам дека можам да бидам близу до Роналдо и уште подобар од него’. Но тој не е толку посветен, не тренира добро, и е најлошиот играч што некогаш сум го видел кога станува збор за тренирање.”
“На тренинг, стоеше во место, талкаше. Сите се бореа за топка и врескаа, а тој не правеше ништо. Но, го гледавте на натпревари колку беше добар. Не е фер што некои луѓе имаат толку многу талент!”, изјави Џон Оби Микел.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
