Милан е во преговори со Франк Кеси за продолжување на тековниот договор, кој истекува во 2022 година. Според неколку италијански новинари блиски до клубот, претставници на Милан денеска се сретнале со менаџерот на играчот од средниот ред, Џорџ Атангана.
Наводно, Кеси бара нов договор до 2026 година со плата од 4,5 милиони евра нето по сезона, односно двојно повеќе од она што моментално го заработува. “Росонерите”, пак, му понудиле плата од 3,5 милиони евра.
Се верува дека некој од следните состаноци ќе биде клучен за намалување на оваа разлика и со тоа, двете страни би нашле заеднички јазик.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













