Коронавирус ја нападна фудбалската репрезентација на Германија. Позитивни тестови на Ковид-19 добија Јонас Хофман од Борусија Менхенгладбах и Марсел Халстенберг од Лајпциг, но сите останати се негативни и ќе добијат дозвола да настапат на вечерашниот меч против Исланд. Здравствените авторитети на Диселдорф одлучиле дека контактите на „позитивните“ Хофман и Халстенберг нема да завршат во изолација, туку ќе можат да го играат првиот меч од квалификацискиот циклус за Светското првенство во Катар 2022 година.
„Сите останати фудбалери, членови на стручниот штаб и останати членови на федерацијата имаа дополнителни тестови и нема други позитивни случаи“, објаснија од Фудбалската федерација на Германија.
Германските репрезенативци вечерва ќе истрчаат на мечот против Исланд, потоа повторно ќе бидат тестирани на Ковид-19, исто како и пред мечот со Македонија во Дуисбург.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













