Коронавирусот го потресе германскиот национален тим. Јонас Хофман, фудбалерот на Борусија Менхенгладбах, е позитивен на Ковид-19 на денот на одигрување на мечот против Исланд, на стартот од квалификацискиот циклус за СП 2022 во Катар. Сите останати германски репрезентативци се затворени во собите и чекаат понатамошна одлука. Според строгите протоколи на германските здравствени власти, сите контакти треба да одат во 14-дневна изолација. Ова би значело дека целиот национален тим на Германија ќе мора да „заглави“ во изолација.
Јоаким Лев, доколку максимално се почитуваат регулативите, тогаш би морал да избере цела нова репрезентација уште вечерва, за дуелот против Исланд, а секако и за мечот против Македонија на 31.март. Со оглед дека имаат и меч против Романците за три дена, секако ќе биде многу појасно што ќе се случува во наредните часови и денови. Во моментот, направени им се брзи тестови за Ковид-19 на сите останати германски фудбалери, а последниот збор ќе го има ФИФА.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













