Трагична вест доаѓа од Италија. Во сообраќајна несреќа загина еден од најголемите таленти на италијанскиот фудбал, Даниел Гуерини, на 19-годишна возраст.
Младинскиот репрезентативец на „аѕурите“ бил во автомобил „смарт“, кој имал директен судар со „мерцедес“ управуван од 68-годишник.
Гуерини е член на Лацио, и стандарден член на младинската репрезентација.
„Се уште со неверување и тага, со голема болка објавуваме дека нашиот член Даниел Гуерини го загуби животот во сообраќајна несреќа. Претседателот, како и сите членови на клубот Лацио во овие тешки моменти изразуваат сочувство на ожалостеното семејство Гуерини“, објави италијанскиот клуб Лацио.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













