Драган Стојковиќ Пикси стартуваше со триумф (3-2) против Република Ирска во квалификациите за Светското првенство во Катар. Во возбудлив меч во Белград, Алан Браун ги доведе гостите во водство, но израмни Душан Влаховиќ пред полувремето. Александар Митровиќ беше човек на одлука со двата гола постигнати во 69. и во 75.минута, а Џејмс Колинс во финишот го постави конечниот епилог.
Светскиот првак Франција одигра само 1-1 на домашен терен против Украина, еден од ривалите на Македонија на Европското првенство. Антоан Гризман постигна фантастичен гол за водство на „триколорите“ во 19.минута, но Преснел Кимпембе на почетокот на вториот дел си постигна автогол.
Во соседското дерби, Словенија ја победи Хрватска со 1-0, со голот на Санди Ловриќ во 15.минута. Финска и Бих ремизираа 2-2, а Белгија со 3-1 го совлада Велс.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Фудбалот е богатство, различност, демократија, и може да ве направи бесмртен
ФУДБАЛОТ Е ЕВРОПСКА ИГРА Фудбал се игра насекаде низ светот, но Европа со сигурност...
Автор makfudbal