
Според натписите во англиските медиуми, Ерик Баи имал испад кога открил дека нема да настапи на реваншот против Милан во рамките на Лигата на Европа.
Наводно, откако Солскјер го известил Баи за неговата одлука, дефанзивецот не го прифатил тоа на најдобар начин и се почнал да се однесува грубо кон својот тренер.
Сепак, оттогаш Баи веќе се извинил и признал дека неговото однесување е неприфатливо, иако 26-годишниот фудбалер сè уште верува дека е третиран неправедно.
На почетокот на оваа недела се појавија гласини од неколку извори блиски до Баи, каде се тврди дека тој се чувствува непочитуван од страна на тренерот и клубот, и покрај тоа што добил понуда за нов договор.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
