Почнува Европското првенство за фудбалери до 21 година кое за првпат во историјата ќе се одигра во две фази. Групната фаза ќе се одвива од 24 до 31 март во Унгарија и во Словенија, а потоа нокаут фазата ќе биде од 31 мај до 6 јуни.
За жал, Македонија нема да биде дел од собирот на најквалитетните иако беше второпласирана во групата. Сепак, не се најде меѓу петте најдобропласирани од деветте групи, а поради пандемијата на коронаворусот беа откажани и баражите.
Селекциите учеснички на Европското првенство (У21) се поделени во четири групи:
Група А: Унгарија, Романија, Германија, Холандија
Група Б: Словенија, Шпанија, Чешка, Италија
Група Ц: Русија, Исланд, Франција, Данска
Група Д: Португалија, Хрватска, Англија, Швајцарија
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













