Connect with us

Романците го очекуваат селекторот на клупа: Мирел Радои ќе го води тимот ако има два негативни теста

Селекторот на фудбалската репрезентација на Романија, Мирел Радои, не се откажува од можноста да го предводи националниот тим на утрешниот натпревар против Македонија. Тој денеска и утре треба да добие два негативни теста за да му биде овозожено да ја прекине изолацијата и да седне на клупата на стартот од квалификациите за СП 2022 во Катар.

Досега тој комуницира со фудбалерите и со асистентите во стручниот штаб преку „зум“ апликацијата.

„Очекуваме пријатно изненадување, селекторот да ни се приклучи, а тоа ќе зависи од тестовите за Ковид-19. Доколку се биде в ред и добие негативни тестови, ќе биде со нас, но и во спротивен случај, секако сме добро организирани. Комуницираме со него на „зум“, тој задава задачи, а сите ревносно ги извршуваат“, вели асистентот Николае Дика, кој го менува Радои во периодот додека романскиот селектор е во изолација.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови