Connect with us

Репрезентацијата замина за Романија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската фудбалска репрезентација отпатува на гостувањето во Букурешт каде утре против Романија ќе го почне квалификацискиот циклус за пласман на следното Светско првенство.

Натпреварот ќе биде одигран на „Националната Арена“ во Букурешт на која нашиот национален тим на Европското првнетво претстојното лето ќе одигра два од трите натпревари во групниот сегмент.

Селекторот Игор Ангеловски се соочи со проблеми во пресрет на трите воведни дуели од квалификациите со оглед дека дел од играчите се повредени, а дел се порат со Ковид-19, па со серија измени во составот ќе им се противстави на Романците.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови