
Кристијано Роналдо сака да се врати во Реал Мадрид ова лето, според шпанскиот весник “АС”. Весникот додава дека Португалецот нема да дозволи можни финансиски пречки да застанат на патот на неговото враќање на “Сантијаго Бернабе”.
Во Јувентус, наводно, се свесни дека иднината на Роналдо зависи само од напаѓачот и дека доколку тој сам побара трансфер, тие ќе мора да се согласат бидејќи договорот му истекува следното лето.
Се верува дека “бјанконерите” ќе побараат минимум 25 милиони евра за услугите на Кристијано. Сепак, “АС” додава дека ниту еден клуб досега не го контактирал Јуве околу можноста за трансфер на петкратниот освојувач на “Златната топка”.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
