
Поранешниот селектор на Италија, Чезаре Прандели, поднесе неотповиклива оставка од тренерската позиција во италијанскиот калчолигаш Фиорентина. Тој тврди дека ќе ја заврши кариерата затоа што едноставно веќе не се снаоѓа во трансформацијата на фудбалската игра.
„Ова е вторпат да ја напуштам Фиорентина. Првиот пат тоа не беше моја одлука, но овојпат одлучив јас. Го презедов тренерското место со љубов и радост, мотивиран и од ентузијазмот на новиот сопственик. Можеби и поради љубовта што ја имам кон градот Фиренца. Но, морам да кажам дека згрешив при проценката. Како огромна сенка да падна на мене, одеднаш веќе не се чувствувам способен за да одговорам на големите обврски. Дојдов тука стопроцентно посветен, но набрзо увидов дека ќе бидам немоќен. Веројатно светот од којшто бев дел целиот мој живот веќе не ме препознава. Се се менува многу побрзо отколку што јас предвидував. Ова не е фудбалот што јас го познавам. Мислам дека дојде времето да ставам крај и да се пронајдам себеси“, напиша Чезаре Прандели во писмото до навивачите на Фиорентина.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Евро-фудбал
Стив Манданда ја заврши кариерата

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола
