
Благодарение на пласманот на Европското првенство 2020, македонската репрезентација не само што ќе дебитира на едно големо натпреварување, туку за прв пат ќе се појави и во албумот на Панини.
Многу од нас сонуваа за ова уште од деца, а сега конечно, и стари и млади ќе имаат прилика да собираат и лепат сликички од нашите херои. Така, во популарниот албум се најдоа Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Егзон Бејтулаи, Кире Ристевски, Стефан Ристовски, Висар Муслиу, Дарко Велковски, Ѓоко Зајков, Езѓан Алиоски, Аријан Адеми, Ељиф Елмас, Тихомир Костадинов, Енис Барди, Бобан Николов, Стефан Спировски, Влатко Стојановски, Александар Трајковски, Илија Несторовски, Иван Тричковски, и Горан Пандев.
Албумот веќе се наоѓа во продажба низ повеќето европски земји, а во Македонија се очекува да пристигне на 5.април.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal