Connect with us

Фудбалер на Атлетико Мадрид вознемирувачки се онесвести на тренинг (ВИДЕО)

Немили сцени беа присутни на денешниот тренинг на Атлетико Мадрид кој морал да биде прекинат. За време на загревањето, францускиот напаѓач Муса Дембеле останал без свест, паѓајќи на земја.

Откако го забележале неговите соиграчи, потрчале да му помогнат и да го вратат при свест, по што Муса бил веднаш пренесен во болница во Мадрид.

Шпанските медиуми тврдат дека виталните функции му се моментално добри, но се чека официјално соопштение од Атлетико околу неговата состојба.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови