
Поранешниот романски репрезентативец Николае Дика, кој е еден од асистентите на селекторот Мирел Радои, ќе ја предводи Романија на дуелот против Македонија в четврток во Букурешт. Романскиот селектор се бори со коронавирусот и се наоѓа во изолација, а Дика знае од каде доаѓа најголемата опасност за нивниот тим. Горан Пандев ќе биде најголемата закана.
„Македонија е одличен тим, имаат искусни фудбалери кои се дел од најсилните европски лиги. Горан Пандев е феноменален играч, поминаа многу години, а тој и на 37 години сè уште игра на врвно ниво. Фудбалерите мора да сфатат дека натпреварот со Македонија е најважен за нас, тој е првиот меч од новите квалификации. Атмосферата е добра, оптимисти сме, но ќе мора да докажеме дека сме подобри на теренот“, изјави Николае Дика.
Натпреварот меѓу Романија и Македонија е закажан за 25. март на Националната Арена во Букурешт.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal