Германскиот бундеслигаш Борусија Менхенгладбах го избра поранешниот шпански репрезентативец Чаби Алонсо за нов тренер на тимот. Тој ќе го преземе кормилото од почетокот на следната сезона и ќе го наследи Марко Росе кој заминува на клупата на ривалот Борусија Дортмунд.
Чаби Алонсо ќе се врати во Бундес-лигата во нова улога откако еден период од активната кариера ја мина како фудбалер на Баерн Минхен. Тој во моментот е тренер на Б-тимот на шпанскиот прволигаш Реал Сосиедад. Од јуни ќе се врати на големата сцена и како фудбалски стратег.
Чаби Алонсо имаше одлична фудбалска кариера, забележа 116 настапи за репрезентацијата на Шпанија, почна во Реал Сосиедад, а настапуваше за големи европски клубови како Реал Мадрид, Ливерпул, Баерн Минхен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













