
Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Јоаким Лев, ќе го напушти кормилото на „панцирите“ по завршувањето на Европското првенство. Тој сака да се посвети на клупска кариера, а се чини дека веднаш ќе го има и најголемиот предизвик. Шпанскиот весник „Марка“ најавува дека германскиот стратег интензивно учи шпански јазик затоа што од 1 јули треба да го преземе кормилото на Реал Мадрид.
Флорентино Перез сака да направи комплетна реорганизација, нов тренер и неколку нови засилувања во составот на „кралевите“ како маркетиншки и бизнис потег пред враќањето на тимот на „Сантијаго Бернабеу“ кој е во фаза на реновирање.
Претседателот на Реал Мадрид се надева дека од следната сезона ќе биде дозволено и публиката да се врати на трибините, а ангажманот на Јоаким Лев, Ерлинг Халанд или Килијан Мбапе, треба да биде дополнителен магнет за фановите. Исто така, овие потези се дел од планот на Перез при кандидатурата за нов четиригодишен мандат на клупските претседателски избори.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
