
Фудбалската репрезентација на Македонија нема да биде во комплетен состав на собирот пред стартот на квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година. Проблемите на селекторот Игор Ангеловски може да бидат и големи, доколку капитенот Горан Пандев не биде подготвен за настап. Тој е неизвесен откако не играше за Џенова против Парма и чувствува болки во задната ложа. Се уште не е познато ниту дали ќе допатува на собирот на националниот тим. Лекарскиот тим на Џенова до утре ќе треба да утврди за каква повреда станува збор.

Повреден е и Аријан Адеми кој има болки во коленото, му препорачуваат неколкудневна пауза, а би можел најверојатно да биде подготвен за настап дури против Германија во Дуисбург.
Средниот ред ќе биде десеткуван и со отсуството на Тихомир Костадинов, кој е позитивен на Ковид-19 и не настапи за Ружомберок. Тој нема да пристигне на собирот, исто како и дефанзивецот Ѓоко Зајков од истата причина, и напаѓачот Иван Тричковски, поради повреда.
Селекторот Игор Ангеловски повика 22 фудбалери и 4 голмани за собирот, но веќе неколкумина не се во опција, па можно е дополнително да повика и нови фудбалери.
Македонската фудбалска репрезентација на 25.март ги отвора квалификациите за СП против Романија во Букурешт, три дена подоцна ќе игра со Лихтенштајн во Скопје, а на 31.март ќе гостува во Диусбирг на првиот фаворит во групата, селекцијата на Германија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Родриго пред трансфер во Манчестер Сити
