Connect with us

Го нема Рамос, ама Бензема е тука: „Кралевите“ го освоија Виго (ВИДЕО)

Реал Мадрид оствари нова победа во Ла Лига и се доближи на само три бода до лидерот Атлетико Мадрид, кој има и меч помалку. „Кралевите“ славеа со 1-3 на гости против Селта иако во тимот не беше капитенот Серхио Рамос. Но, кога е здрав Карим Бензема, тогаш голови не недостигаат.

Французинот беше двоен стрелец и го трасираше патот до нова победа за Реал Мадрид. За Селта погоди Санти Мина во 40.минута од мечот. Во завршницата, Марко Асенсио го постави конечниот епилог.

Атлетико Мадрид утре го пречекува Алавес, а Барселона е гостин на Реал Сосиедад.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови