Бразилскиот ас Нејмар е на чекор до потпис на нов договор со Пари Сен Жермен кој би го задржал на „Паркот на принцовите“ до 2026 година. Актуелната соработка завршува во 2022 година, а тој Нејмар веќе нема амбиции да се врати во Барселона. Преговорите за новиот договор се веќе завршени и се очекува до крајот на идниот месец и официјално да биде објавено продолжување на соработката.
Нејмар пред четири години ги урна сите рекорди, кога за фантастични 222 милиони евра од Барселона се пресели во ПСЖ. „Ле Паризиен“ објави дека договорот е веќе постигнат, Нејмар ќе потпише договор до лето 2026 година.
ПСЖ сега се фокусира и на евентуалното задржување на Килијан Мбапе.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













