Ривалството меѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси никогаш нема да заврши. Според најновите податоци, Португалецот е моментално фудбалерот со најмногу хет-трик остварувања од 2000 година до денес.
Благодарение на хет-трикот во победата од 3-1 против Калјари минатата недела, Роналдо се искачи на бројка од вкупно 57 хет-трик постигнувања, и е убедлив лидер пред Меси, кој досега има остварено 54.
Интересен доказ за нивната недостижност е фактот дека на трето место се наоѓа Луис Суарез со 29 хет-трик постигнувања, односно речиси двојно помалку од ѕвездата на Јувентус и 25 помалку од неговиот поранешен соиграч во Барса, Лео Меси.
Погледнете ја целосната листа на фудбалери со најмногу хет-трик остварувања во 21 век:
- Кристијано Роналдо – 57
- Лионел Меси – 54
- Луис Суарез – 29
- Роберт Левандовски – 24
- Марио Гомез – 18
- Клас-Јан Хунтелар – 18
- Серхио Агуеро – 18
- Златан Ибрахимовиќ – 17
- Хари Кејн – 15
- Единсон Кавани – 15
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski