Connect with us

Специја по цели 85 години повторно има репрезентативец на Италија

Италијанскиот калчолигаш Специја има посебен повод за радост. Откако првпат во клупската историја се наоѓа во елитата, Специја по цели 85 години повторно има и репрезентативец на Италија.

Матео Ричи, 26 годишниот играч од средниот ред доби повик од Роберто Манчини во ростерот на италијанската фудбалска репрезентација за квалификациите за СП 2022 во Катар.

Ако дебитира против Северна Ирска, Бугарија или против Литванија, Ричи ќе стане прв играч на Специја во националниот тим уште од 1936 година, кога за Италија заигра Луиџи Скабарале. Тој одигра два меча во дресот на Италија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови