Connect with us

Шобошлаи не одигра ниту еден меч за Лајпциг, ја заврши сезоната

Талентираниот унгарски фудбалер Доминик Шобошлаи, кој бундеслигашот Лајпциг го плати 20 милиони евра, ја заврши сезоната без да одигра ниту еден меч за новиот клуб.


Еден од најбараните млади фудбалери во Европа, во зимскиот преоден рок се пресели во Бундес-лигата, но почетокот во новиот клуб се покажа повеќе од малерозен.


Шобошлаи има проблеми со бутниот мускул, а лекарите не се големи оптимисти дека би можел да се опорави брзо и да конкурира за тимот до крајот на германскиот шампионат. Како што напомена тренерот Џулијан Нагелсман, за него сезоната е завршена.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови