Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Јоаким Лев, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за мечот против Македонија на 31.март во Дуисбург. На него се наоѓаат четворица голмани и 22 фудбалери, а меѓу нив и ѕвездите од Премиер – лигата кои првично беа спорни, поради забраната за влез на лица од Велика Британија на германска територија.
Сепак, Тимо Вернер, Илкај Гундоган, Каи Хаверц, Антонио Рудигер, се дел од списокот на Јоаким Лев и ќе му бидат на располагање.
Во ѕвездената национална селекција на Германија се повикани четворица голмани: Бернд Лено (Арсенал), Мануел Нојер (Баерн Минхен), Марк Андре Тер Штеген (Барселона), Кевин Трап (Ајнтрахт Ф.)
Одбрана: Емре Џан (Борусија Дортмунд), Матијас Гинтер (Борусија Менхенгладбах), Робин Госенс (Аталанта), Марсел Халстенберг (Лејпциг), Лукас Клостерман (Лајпциг), Филип Макс (ПСВ Ајндховен), Антонио Рудигер (Челси), Никлас Суле (Баерн Минхен), Џонатан Тах (Баер Леверкузен)
Среден ред: Леон Горецка (Баерн Минхен), Илкај Гундоган (Манчестер Сити), Каи Хаверц (Челси), Јонас Хофман (Борусија Менхенгладбах), Џошуа Кимих (Баерн Минхен), Тони Крос (Реал Мадрид), Џамал Мусијала (Баерн Минхен), Флоријан Нојхаус (Борусија Менхенгладбах)
Напад: Лирој Сане (Баерн Минхен), Тимо Вернер (Челси), Флоријан Вирц (Баер Леверкузен), Серж Гнабри (Баерн Минхен), Амин Јунес (Ајнтрахт Франкфурт).
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski