Connect with us

Лорис: Сите треба да се срамиме за ова што се случи

Хрватскиот клуб Динамо Загреб направи сензација и успеа да го елиминира Тотенхем во осминафиналето на Лигата на Европа, иако во првиот натпревар имаше негатива од 0-2.


Феноменален натпревар одигра Мислав Оршиќ кој постигна хет-трик, дури трипати ја тресеше мрежата на Хуго Лорис.


Капитенот на англискиот тим не го криеше огромното разочарување по елининацијата.


„Премногу сме од разочарани. Едноставно ова е срамота, го посрамивме клубот. Се надевам дека сите во соблекувалната се чувствуваат виновни за ваквиот срам. Сите сме одговорни за ова што се случи“, изјави капитенот на Тотенхем.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови