Манчестер Јунајтед успеа да го победи Милан (0-1) на „Сан Сиро“ и се пласира во четвртфиналето на Лигата на Европа. По ремито на „Олд Трафорд“, тимот на Оле Гунар Солскјер оствари минимален триумф во Милано.
Стрелец на победничкиот гол беше Пол Погба во 49.минута, со лудицен шут откосо од левата страна.
Славија Прага го победи Глазгов Ренџерс на гости со 0-2 и се обезбеди пласман во следната рунда. Шкотскиот тим остана со двајца фудбалери помалку поради исклучувањата на Кемар Руф и на Леон Белагун. Стрелци за Славија Прага беа Петер Олајинка и Николае Станчиу.
Вилјареал славеше (2-0) вторпат против Динамо Киев, а и Ајакс оствари втор триумф (0-2) против Јанг Бојс.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski