
Претседателските избори во Барселона завршија со победа на Хоан Лапорта, а на лето следат изборите и во лутиот ривал Реал Мадрид. Младиот шпански бизнисмен Енрико Рикелме ќе му биде противкандидат на Флорентино Перез на претседателските избори во „кралскиот клуб“. Тој смета дека на клубот му е потребна младост и свежина, а доволно е финансиски моќен за да застане на кормилото на најтрофејниот европски клуб.
Енрике Рикелме Вивес, роден 1989 година, во Аликанте, е основач, претседател и извршен директор на компанијата „COX Energy“, која работи со извори на обновлива енергија и е распространета на два континента, Европа и Јужна Америка. Покрај Шпанија, бизнисот е распространет и во Португалија, Мексико, Чиле, Панама и во Колумбија. Во 2020 година, Енрике Рикелме беше избран за еден од „100-те најкреативни Шпанци во деловниот свет“ од списанието „Форбс“.
Сепак, прашање е колку овој млад шпански бизнисмен ќе може да издржи во битката со Флорентино Перез, кој веќе го реновира „Сантијаго Бернабеу“, а најави и неколку големи засилувања во летниот преоден рок, Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski