Connect with us

Челси го сака Серхио Агуеро како слободен агент

Англискиот премиерлигаш Челси се вклучува во трката за ангажман на напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро. Аргентинскиот интернационалец најави дека по една деценија во дресот на „граѓаните“ ќе си замине од „Итихад“ по завршувањето на сезоната затоа што му е потребен нов предизвик. Новиот менаџер Томас Тухел би сакал да го има Агуеро во тимот и побарал од раководството на клубот да се обиде да го доведе.

Најсериозен кандидат во трката за Серхио Агуеро е Барселона, а дел од каталонските медиуми објавија дека договор меѓу клубот и напаѓачот е веќе постигнат и тој ќе дојде на „Камп Ноу“ во летниот преоден рок. Ова треба да биде еден од потезите на новиот претседател Хоан Лапорта за да го задржи и Лионел Меси во Барселона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови